Ја нападнаа дека го поддржува Путин: Славната руска сопранистка ги откажа сите настапи

Фото: Инстаграм

Една од најпознатите сопранистки на светот, Русинката Ана Нетребко, која има и австриско државјанство, се соочи со критики поради нејзината наклонетост кон рускиот претседател Владимир Путин, во вторникот објави дека ги откажува јавните настапи до понатамошно известување.


„Откако добро размислив, донесов исклучително тешка одлука да се откажам од јавните настапи до понатаму“, објавил организаторот на една од нејзините претстојни концертни продукции на „River Concerts“.

„Не е вистинско време за концерти и настапи. Се надевам дека мојата публика ќе ја разбере оваа моја одлука“, додала познатата пејачка, мислејќи притоа на војната во Украина.

Таа вчера требаше да настапи во концертната сала Елбфилхармонија во Хамбург, но концертот е одложен за септември 2022 година.

По настапот во Хамбург, Нетребко требаше да настапи на миланската Ла Скала во март, а потоа и во Цирих.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by medici.tv (@medici.tv)

Педесет годишната оперска дива настапувала во најголемите оперски куќи во светот и соработувала со бројни големи оркестри и диригенти.

Во февруари 2014 година, таа ја изведе олимписката химна на церемонијата на отворањето на Игрите во Сочи, Русија.

Притисокот врз Ана Нетребко порасна во последните денови, како што се случи и на нејзиниот сонародник, диригентот Валери Гергиев, голем поддржувач на претседателот Путин, кој откажа голем број концерти.

Украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник неодамна на Твитер ги повика германските обожаватели на оперската дива да го бојкотираат нејзиниот настап во среда во Хамбург.


Иако Нетребко не изразила отворена поддршка за рускиот претседател, обожавателите ја обвинија дека патувала во Доњецк во декември 2015 година за да позира со знамето на проруски ориентираните сепаратистички бунтовници.

Исто така, предизвика контроверзии и кога му врачи чек од милион рубљи (15.000 долари) на прорускиот украински лидер Олег Царев.

Нетребко се обидела да се одбрани објаснувајќи дека сака да ја поддржи уметноста, особено операта во Доњецк, на која Украина ѝ ги укина сите средства.

Нетребко во неделата на Инстаграм се изјасни „против војната“ со Украина, но не ги осуди лидерите на својата земја ниту покажа солидарност со Украинците.

„Не е во ред да се принудуваат уметниците или која било друга личност јавно да ги искажуваат своите политички ставови и да ја покажуваат својата татковина. (…) Јас не сум политичка личност. Јас не сум политички експерт, јас сум уметник, а мојата цел е да се обединат луѓето за да се надвладеат сите политички поделби“, рекла во своја одбрана Нетребко.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот