Ја купил банката што одбила да му даде кредит кога бил сиромашен!

Милионерот Адам Деринг (39) одлучил да ја купи банката што не му одобрила кредит пред две децении, со образложение дека тој нема доволно искуство за тоа.

Кога во 2002 година банката РБС во Манчестер одбила да му даде кредит од 10.000 фунти, Деринг бил сиромашен. Својата прва фирма ја водел буквално од подот, бидејќи немал пари за маса и столови, но неговата одлучност изградила силна компанија за управување со долгови, која ја продал во 2014 година за пет милиони фунти.

Сега управува со пет големи компании, а одлучил да ја купи зградата на банката, која го
чинела 450.000 фунти.

инстаграм

„Дадов отказ од работата трговец на 21 година бидејќи знаев дека можам да започнам успешен бизнис, но немав пари, па побарав кредит. Им презентирав сеопфатен деловен план и побарав 10.000 фунти, но менаџерот на банката не ме сфати сериозно. Ми кажа дека сум млад и неискусен и дека тие не сакаат да ризикуваат. Бев скршен, мислев дека сè е готово, но одбив да се предадам“, се присетил Деринг за одбивањето.

Деринг имал проблематично детство, на 14-годишна возраст бил исфрлен од училиште бидејќи уништил автомобил. Потоа се приклучил на Кралското воено воздухопловство, но брзо се откажал бидејќи имал проблеми со алкохолот. Се вратил во Урмстон каде што постојано менувал работни места. Тогаш соседот Крис му помогнал да ја среди својата биографија и го мотивирал да најде работа. Деринг се вработил во компанија за финансиско управување, а потоа решил да започне сопствен бизнис.

Денес тој им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а исто така станал и мотивациски говорник. Тој планира да ја реновира зградата на банката и да ѝ даде нова намена. Ќе изгради осум апартмани и трговски центар.

„Купувањето на оваа банка беше начин за да ја заокружам целата приказна и тоа покажува дека бев во право кога верував во себе“, рече Деринг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот