Ја крстиле Марихуана Пепси: Сите ја исмејувале поради нејзиното име, а таа станала доктор на науки

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Главниот лик од оваа приказна често била мета на потсмев, но тоа не ја спречило да се избори за своето место во општеството и на крајот да стане и доктор на науки.

Имено, една жителка на Флорида открива дека нејзината мајка мислела дека името кое ѝ го дала, Марихуана Пепси, ќе ја направи „светски позната“, за што всушност и била во право.

Марихуана Пепси Вендик (52) тврди дека не пие газирани пијалаци, ниту дека некогаш пробала опојни дроги. Истото важи и за нејзината мајка, која смислила крајно необично име за нејзината ќерка.

Медиумите не само што пишуваат за нејзиниот живот и нејзиното име, таа и докторираше на темата за нејзиното име, пренесува „Њујорк пост“.

Таа објаснува дека многу луѓе претпоставувале дека нејзината мајка Бренди Меги Џонсон се дрогирала или дека е во затвор.

„Тоа е целосно лажно. Таа ми избра име затоа што сакаше да бидам ‘сила во светот’“, рекла Марихуана.

Марихуана нагласува дека никогаш нема да го смени името, без оглед на лошите искуства во минатото. Таа додава дека поединци сугерирале дека „не припаѓа во образовниот сектор“ поради нејзиното необично име, и покрај нејзините квалификации. Покрај тоа, таа била одбиена и на бројни апликации за работа.

„Го посветив животот на образованието. Секогаш велев дека ќе бидам д-р Марихуана Пепси. Некои луѓе ме оценуваат врз основа на моето име, но јас го дефинирам успехот според моите услови“, додала таа.

Марихуана има докторат по високо образование, работи на колеџ во Балтимор и е основач на организацијата „Акцијата како центар за зајакнување на промените“.

Таа се исполни како академско лице, но и како мајка. Марихуана го има синот Исак Сојер (21), кој постојано ја испрашувал за потеклото на нејзиното име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот