„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

epa08365528 Researchers work in a lab of Wuhan Institute of Virology (WIV) in Wuhan, Hubei province, China, 23 February 2017 (issued 16 April 2020). EPA-EFE/SHEPHERD HOU CHINA OUT

Вухан го опиша како „биолошки Чернобил“, при што, во однос на смртноста, „нултата точка“ била околу лабораторијата.

Експертите од кинеската лабораторија во Вухан „побегнаа“ на Запад и во рацете на западните разузнавачки служби, тврди Стив Бенон, архитект на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година.

– Знам дека некои бегалци соработуваат со Федералното истражно биро (ФБИ) за да се утврди што точно се случило на Институтот во Вухан, рече Бенон, кој тврди дека таа установа „има многу лоши раководители и катастрофално управување“.

Стив Бенон/ Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

И тоа не е се.

Според неговите зборови, разузнавачките служби собираат докази за тоа дали вирусот се проширил случајно во текот на експеримент за развој на вакцина и лекови против вирус од типот САРС. Пребеганите научници наводно разговараат со разузнавачките служби во САД, Европа и Велика Британија.

– Мислам дека разузнавачките агенции имаат информации во електронска форма и дека потполно анализирале кој имал пристап во таа лабораторија. Мислам дека имаат убедливи докази, рече Бенон за весникот.

– Луѓето од тие лаборатории ја напуштиле Кина и Хонгконг од средината на февруари. Американската разузнавачка служба, МИ5 и МИ6 настојуваат да соберат сеопфатни докази против Кина, за што ќе им треба многу време. Ова не е филм за Џејмс Бонд, додаде тој.

Бенон тврди дека дури и франциската влада, која учествувала во изградбата на Институтот, оставила за себе системи на надзор откако Пекинг по отворањето на лабораторијата во 2017 година ги исклучил од проектот.

Фото: EPA/WANG YANBING

– Мислам дека ќе дознаеме дали тие луѓе изведувале експерименти за кои немале дозвола или дека знаеле што прават и дека вирусот некако им побегнал, било со ненамерна грешка, или по грешка на лабораториски техничачр, изјави Бенон.

Тој Вухан го опиша како „биолошки Чернобил“, при што, во однос на смртноста, „нултата точка“ била околу лабораторијата.

– Како и во Чернобил, се обидуваа да сокријат што се случило. Независно од тоа дали вирусот дошол од пазарот или од лабораторијата во Вухан, Комунистичката партија на Кина и нејзините натамошно одлуки се одговорни за убиство со предумисла, смета Бенон.

– Она го знаеме затоа што Тајван на 31 декември официјално ја извести СЗО за тоа дека во провинцијата Хубеј (кадешто се наоѓа Вухан), постои некоја епидемија. Центарот за контрола и превенција на болести во Пекинг е известен на втори или трети јануари, но одлучиле да не ја објават информацијата и да потпишат трговски договор со САД, рече Бенон во интервјуто.

– Да беа отворени и искрени во последната недела од декември, 95 отсто од загубените животи и економската катастрофа ќе беа спречени, оцени Бенон.

– Ова е трагедија. Го искористија тоа време да ја соберат сета опрема за лична заштита. Ова е убиствена диктатура. Рацете ги окрвавија и светските корпорации – инвестициските банки, хеџ фондовите и пензионерските фондови – и време е да почнеме да ги прозиваме пред се ова да доведе до пропаст на Западот, рече Бенон, истакнувајќи дека се наоѓаме во „најспецифичната криза во современата историја, која сега е пред Виетнам, Студената војна па дури и Втората светска војна“.

– Глобалната пандемија и економска пропаст. Не му верувам на СЗО, раководството на таа организација треба кривично да одговара, рече поранешниот советник на американскиот претседател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот