Ја крие како змија нозете: Сопругата на Никола Којо е вистинска „бомба“ (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот српски актер Никола Којо пред 12 години се ожени со преубавата Александра Џуриќ, која со својата појава го одзема здивот на секој маж.

Девојката која го освоила неговото срце, пред него исто така го освоила срцето на многумина.

Таа се појавила во спотот на Здравко Чолиќ за песната „Моја драга“ и сите ја паметат како атрактивна русокоса.

Фотографија: DRAGANA UDOVIČIĆ / Glossy

Александра успешно работела на модните писти во Германија, Париз, Милано, но на српската сцена е позната како девојката од спотот на Чолиќ.

Александра и Никола се забавувале само осум месеци и решиле да се земат. Имале скромна венчавка во Белград во септември 2007 година и од тогаш живеат во хармоничен брак.

За 12 години тие добија три ќерки, а актерот повеќе пати досега има изјавено дека му одговара семејниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот