ЈА КИДНАПИРАЛЕ ЌЕРКА Ѝ: Актерката од „Игра на тронови“ објавила и видео од настанот

актерка гот
Фото Профимедиа

Џозефин Гилан има епизодна улога во популарната „Игра на тронови“. Актерката тврди дека социјалните служби од Израел ја киднапирале ќерка ѝ, која има 8 месеци.

Според актерката, бебето било кај нејзина другарка, бидејќи таа морала да се јави на редовниот третман за постпородилната депресија. Додека тоа се случувало, судот донел налог дена бебето треба да ѝ биде одземено.

Таа покренала петиција со која бара ќерката да ѝ биде вратена. Џозефин наскоро ќе биде сослушана, но дотогаш бебето ќе биде во згрижувачко семејство.

Од целиот настан таа објавила и видео, во кое ѝ се закануваат со затвор доколку не го предаде детето.

„Јас сум Џозефин Гилан, глумев во ‘Игра на тронови’ и не сум вработена моментално. Мојата ќерка е киднапирана и предадена на друго семејство. Не ми е дозволено да ја гледам. Не знам каде е. Не направив ништо лошо, ниту пак пријателите кои ја чуваа додека бев на терапија“, напишала актерката на нејзината „GoFundMe“ страница.

https://twitter.com/Officialmarei/status/1159252139975368704

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот