Ја изневери Клои Кардашијан двапати, а сега сака да се смират

Instgaram

Кошаркарот Тристан Топмпсон порано беше во врска со Клои Кардашијан, со која има и ќерка, но нивната љубовна романса е завршена откако двапати ја изневери.

Клои и Тристан првпат раскинаа кога Кардашијан беше бремена со нивната ќерка бидејќи кошаркарот ја изневерил. Таа му прости првиот пат, но не и кога го фатила во кревет со Џорди Вудс, некогашната најдобра пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер.

Тој сепак не се откажува и сака да се смират.

Кошаркарот во последно време често ги коментира нејзините фотографии на социјалните мрежи, а сега отишол и чекор понапред и споделил фотографија од Клои Кардашијан од доделување на награди на своите профили.

„Честитки Клои, бидејќи две години по ред ја зема истата награда за најдобра ријалити ѕвезда. Плус, ме фасцинира твоето тело, феноменално е што ги инспирираш другите да изгледаат подобро“, напишал кошаркарот.

Тој претходно ѝ пратил и голем букет цвеќе на домашната адреса, а само една недела порано ѝ оставил флертувачки коментар на Инстаграм.

Клои не му возвратила со никакви конкретни изјави или пораки.

Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот