Ја измами сопругата па се сврте кон верата – Слободен печат
СпортФудбал

Ја измами сопругата па се сврте кон верата

Оливие Жиру е избран за гостин-уредник на францускиот магазин “Исус“.

Фудбалерот на Челси, Оливие Жиру во 2014 година на целиот свет јавно му призна дека ја изневерувал сопругата. Англиските медиуми со недели пишуваа за аферата на тогашниот играч на Арсенал со моделот Селија Кеј, а Жиру одлучи да ги прекине сите шпекулации и потврди дека информацијата за неговото неверство е точна.

„И се извинувам на сопругата, семејството, пријателите, менаџерот и соиграчите како и навивачите на Арсенал. Сега морам да се борам за семејството да ми прости за глупоста која ја направив и ништо друго не ми е поважно од тоа“, напиша тогаш Жиру на својот профил на Твитер.

Од тогаш поминаа пет години, и сега Оливие Жиру е нов човек кој целосно и се посвети на религијата. Оттогаш нема ниту една дамка во фудбалската кариера и во приватниот живот, а сопругата Џенифер му прости за прељубата.

Токму затоа францускиот католички магазин „Исус“ го избра за гостин-уредник на септемврискиот број каде фотографијата на Жиру се наоѓа на насловната страница со натпис “33 години, врсник на Исус“.

– Кога сум во можност, постојано зборувам за својата вера и религија. Чувствувам дека морам да го искористам својот простор во медиумите за да зборувам за својата посветеност за Исус. Поради тоа прифатив да бидам уредник на септемврискиот број на „Исус“. Кога гледам шти се случува во денешниот фудбал-расизам, хомофобија… сакам да бидам првиот кој ќе каже „доста е“ – вели Жиру.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close