Ја изградил најтенката зграда само за брат му да не го гледа морето (ВИДЕО)

Twitter

Во модерните урбани средини секоја слободна површина станува простор на кој веднаш никнува зграда, куќа или трговски центар. Зградите обично се градат поради потреба, но оваа е изградена од инает.

Twitter

Во педесеттите години на минатиот век во Бејрут е изградена една од најтенките згради во светот на земјиште кое двајца браќа го наследиле од нивниот татко.

Браќата не можеле да се договорат околу поделба на земјиштето, а работата уште повеќе се заплеткала откако дел од земјиштето им одземала градската власт, која таму ја правела инфраструктурата. На крајот им останало земјиште со чуден облик што се наоѓало на самата улица.

Еден од браќата на кој му припаднал овој „несреќен“ дел, направил тенка зграда за да му се одмазди на братот кој поминал подобро и така му го блокирал погледот кон морето, но и ја намалил вредноста на земјиштето.

Facebook

Денес стои празна, но сопствениците не сакаат да ја урнат

Зградата која локалното население ја нарекува „инает“, на најтесните места е широка само 60 см, а на најшироките 4 метри. Висока е 14 метри, а на секој кат има два стана. Долго време служела како бордел, а потоа прибежиште за бегалците од војната. Денес во неа не живее никој, туку таа е само потсетник на глупаво инаетење. Сопствениците не планираат да ја уриваат бидејќи тешко ќе најдат намена за толку мал простор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот