Извршниот директор на „ТикТок“ уверува дека никогаш не споделиле податоци од САД со кинеската влада

ТикТок апликација / Фото: Claudia Nass / Alamy / Alamy / Profimedia

Главниот извршен директор на „ТикТок“ ќе им каже на америкаснките пратениците дека апликацијата во кинеска сопственост со повеќе од 150 милиони американски корисници никогаш нема да ги сподели податоците на американските корисници со кинеската влада, поради зголемената загриженост за националната безбедност на САД, пренесува „Ројтерс“.

„ТикТок никогаш не споделил, ниту добил барање да ги сподели податоците на американските корисници со кинеската влада. Ниту, пак, ТикТок би го исполнил таквото барање доколку некогаш биде поднесено“, сведочи извршниот директор Шоу Зи Чу во соопштението објавено до Комисијата за енергија и трговија на Претставничкиот дом.

Тој додаде дека матичната компанија на „ТикТок“, „БитДенс“, не е во сопственост или контролирана од ниту една влада или државен субјект. „Дозволете ми да го кажам ова недвосмислено: „БитДенс“ не е агент на Кина или на која било друга земја“, вели Чу.

Критичарите на „ТикТок“ стравуваат дека неговите американски кориснички податоци може да бидат пренесени на кинеската влада од апликацијата и поттикнаа зголемени повици за забрана на апликацијата од страна на американските законодавци. Минатата недела, „ТиКТок“ соопшти дека администрацијата на Бајден побарала нејзините кинески сопственици да го отпуштат својот удел во апликацијата или таа може да се соочи со забрана од САД.

„Забраните се соодветни само кога нема алтернативи. Но, ние имаме алтернатива“, се вели во сведочењето на Чу.

Сведочењето на „ТикТок“ пред Конгресот доаѓа наспроти растечките повици за забрана на апликацијата ширум Америка и служи како едно од најдеталните отфрлања на кинеската компанија на обвинувањата против неа.

„ТикТок“ соопшти дека потрошиле повеќе од 1,5 милијарди долари на, како што ги нарекува, ригорозни напори за безбедност на податоците под името „Проект Тексас“ и се обиделе да ги убедат пратениците и администрацијата на Бајден да го поддржат планот.

Комитетот за странски инвестиции во Соединетите држави (ЦФИУС), моќно тело за национална безбедност, едногласно препорача во 2020 година „БитДенс“ да се откаже од „ТикТок“.

Под притисок на тогашниот претседател Трамп, „БитДенс“ кон крајот на 2020 година неуспешно се обиде да го финализира договорот со маркетите „Волмарт“ и „Оракл“ за префрлање на американските средства на „ТикТок“ во нов ентитет и Трамп потоа ги загуби судските битки со кои сакаше да го забрани „ТикТок“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот