Извршени 16 несродни трансплантации, земјава на мапата на светски центри за лекување најтешки заболувања на крвта

Фото: МИА

Во јануари лани првпат е изведена алогена полуидентична трансплантација, што е уште една сложена процедура од областа на хематопоетските трансплантации.

Во изминатата година и пол се извршени 16 алогени несродни трансплантации од европскиот регистер на доброволни донори и четири алогени полуидентични трансплантации. Со својата стручност и професионалност, Клиниката за хематологија застана рамо до рамо со најразвиените европски центри, а воедно се воспостави систем преку кој знаењето од нашите лекари се пренесува на идните генерации здравствени работници во нашата држава, информира денеска Министерството за здравство.

Оттаму посочија дека првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки во земјава е спроведена во ноември 2018 година на Универзитетската клиника за хематологија и оти тогаш за првпат оваа метода станала достапна во јавното здравство. Во јануари лани првпат е изведена алогена полуидентична трансплантација, што е уште една сложена процедура од областа на хематопоетските трансплантации.

– Со воведување на овие две нови здравствени услуги се подигна квалитетот на јавното здравство и Република Северна Македонија влезе на мапата на светски и европски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта. Двете најтешки хематопоетски трансплантации станаа достапни во нашата земја, со што пациентите за овие здравствени услуги повеќе не се упатуваат во странство, со што се овозможува поголема достапност на овие здравствени услуги за пациентите и помала оптовареност на здравствениот буџет, нагласуваат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот