Извршен увид на сообраќајката во Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, соопшти Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Урсус” со приколка, управуван од 24-годишен жител од Кавадарци, патничко возило „голф”, управувано од жител на село Дабниште, Кавадаречко, на возраст од 51 година, и патничко возило „опел вектра”, управувано од 46-годишен кавадарчанец. Според првичните сознанија, до незгодата дошло при обид на возачот на „голфот” да го престигне тракторот со приколка. На местото на незгодата од тешките повреди починало едно лице (54), сопатник во „голфот”. Четири лица со телесни повреди се пренесени во здравствени установи за натамошно укажување лекарска помош и лекување.

За расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, како и за сообраќајно – техничко вештачење.​ 

Детали за сообраќајката кај Кавадарци: Загина кавадарчанец, братот и таткото тешко повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот