Извршен обид за насилна промена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Денеска од страна на судот била отфрлена жалбата на Реис ул улемата, Сулејман Реџепи, а попладнево имало и зголемено присуство на полициските сили во близина на објектот на Исламската верска заедница, јавува Канал 5.

Судот во Скопје го прифати барањето на новата Исламска верска заедница дека нов претседател треба да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи.

Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е  назначен за нов претседател на “Исламската верска заедница“ со адреса Чаирска 1000”.

И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле  неуспешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот