Извозот и увозот бележат раст во периодот јануари – февруари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 58.104.882 илјади денари и бележи пораст од 6.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2019 година изнесува 76.641.783 илјади денари, што е за 9.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 18.536.901 илјадa денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 75.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – февруари 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 944.181 илјада евра и бележи пораст од 6.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.245.393 илјади евра, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 301 212 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 1.075.052 илјади долари и бележи пад од 1.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1.416.730 илјади долари, што е за 1.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2019 година, изнесува 341.678 илјади долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот