Изворната инспирација на Нотр Дам се наоѓа во Идлиб

Photo: Bertramz/wikipedia

Изворната инспирација на катедралата на Нотр Дам, како и на многу цркви од готичката архитектура, потекнува од црквата Калб Лозе која се наоѓа во истоименото село во близина на сирискиот град Идлиб.

Калб Лоза изградена е во 5. век н.е. во стилот на широка базилика и нејзината архитектура е многу слична на црквите во Турманин, Ал-Ендерин, Рувеха и Кератин кои се изградени во предисламскиот период во северниот дел на Сирија.

Сирискиот историчар Фајез Кавсара во изјава за агенцијата „Анадолу“, рече дека црквата Калб Лозе е една од највеличествените цркви во Сирија.

„Христијаните и архитектите коишто ја видоа црквата, нејзината архитектура ја пренесоа во Европа во 11. и 12. век. Готичката архитектура која владеела во тие векови во Европа, потекнува од црквата на Калб Лозе кој се наоѓа во Идлиб.“ нагласи Кавсара.

Познатиот археолог, истражувач и дипломат, Гертруд Бел, по неговата посета во овој регион на почетокот од 20. век рекол дека почетокот на едно ново поглавје во светската архитектура, со нејзината фина и скромна убавина, потекнува од северниот дел на Сирија.

Градбата на Калб Лозе која е составена од три дела има две врати на јужната страна, едната наменета за машки влез, а другата за женски. Има и уште една врата на својата западна страна која влага до една соба којашто има две кули на својата десна и лева страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот