Извори во Брисел со тврдење: ЕУ вечерва ќе бара одговори од „АстраЗенека” за производството и испораката на ковид вакцините

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претставник на „АстраЗенека“, сепак, ќе присуствува на вечерашната средба со претставници на Европската Комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), потврдија дипломатски извори во Брисел.

– Тие рекоа дека немаат ништо ново да кажат, но на крајот извршниот потпретседател на компанијата, Искра Реиќ, рече дека ќе присуствува на состанокот и ја очекуваме, наведуваат изворите од Брисел.

ЕУ издвои 336 милиони евра за „АстраЗенека” за развој на вакцината против ковид-19 и, согласно потпишаниот договор, нарача 400 милиони дози. „АстраЗенека“ требаше да биде првата вакцина со која ќе почне масовна вакцинација во ЕУ.

– Имавме среќа што вакцините на „Фазер“ и на „Модерна“ беа претходно одобрени, бидејќи „АстраЗенека“ може да испорача само една четвртина од дозите планирани за првиот квартал од 2021 година, наведуваат изворите во Брисел.

Според нив, за разлика од „Фајзер“, од каде добиле конкретни одговори за проблемот во производството и надоместокот на вакцините, од „АстраЗенека“, сепак, очекуваат јасен одговор за тоа што се случува со производството и испораката на вакцините од четири фабрики лоцирани во Европа од кои две во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот