Извор за британски медиуми: Тејлор Свифт е уништена, никогаш не би ја ризикувала безбедноста на своите обожаватели

Тејлор Свифт / Фото: Инстаграм/ Taylor Swift

Откако трите концерти на Тејлор Свифт во Виена закажани за 8, 9 и 10 август беа откажани поради планиран терористички напад на стадионот „Ернст Хапел“, извор за британски „Мирор“ изјавил како се чувствува пејачката.

„Тејлор е уништена од сè. Таа е уништена за обожавателите кои чекаа со години да ја видат. Но, помислата што можеше да се случи ако концертите беа цел на терористички напад е ужасна и таа никогаш не би ја ризикувала безбедноста на своите обожаватели“, рекол изворот.

„Сеќавањето на она што се случи на концертот на Аријана Гранде во Манчестер сè уште е во нејзиниот ум. Таа му кажа на својот тим дека сака да се обиде да се врати во Виена што е можно поскоро. Свесна е колку се разочарани нејзините обожаватели во Австрија“, додал изворот.

Потсетуваме дека на концертите во Виена требаше да дојдат повеќе од 190.000 луѓе. Австриската полиција приведе две лица кои имале планови за исламистички терористички напад. Беше и објавен идентитетот на 19-годишникот кој го планирал нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена.

„Деветнаесетгодишникот сакаше да предизвика крвопролевање пред стадионот со ножеви, мачети и на крајот да се разнесе. Бил во контакт со двајца осомничени помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот“, изјавиле во соопштението за медиумите.

Џихадисти по потекло од Северна Македонија повторно ја тресат Австрија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот