Извор од ДУИ за Лајм: Следната недела нов конкурс за вработување на 800 административци од кои 640 ќе бидат Албанци

Артан Груби и Али Ахмети / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Според ДУИ, како што пренесува онлајн изданието на „Лајм“ во текот на следната недела ќе се отвори конкурс за вработување за вкупно 800 административци, од кои 640 се резервирани за Албанци, а другите 160 работни места се за други етнички заедници,

„Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување соодветната застапеност, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долгоочекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале.“ изјавил изворот од ДУИ за Лајм.

Од Министерство за информатичко општество и администрација се подготвуваат и мерки со кои ќе се избегне можност лица кои се од една етничка заедница да се претставуваат како членови на друга заедница, само за да бидат вработени.

Се подготвува работна група која ќе направи измени и дополнувања на Законот за државните службеници, кои според динамиката на работа се очекува да бидат готови до крајот на декември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот