Извлечен потонатиот брод од Дунав во Будимпешта, пронајдени нови жртви

Денеска конечно, во акција на спасувачки екипи од Унгарија и Јужна Кореја, извлечен е потнатиот туристички брод, а при акцијата најдени се мртвите тела на уште две жртви од несреќата.

Во извлекувањето учествувале огромни кранови, бродови и спасувачи.

За време на операцијата, најмалку две тела биле најдени и извлечени од остатоците од туристичкиот брод, кој потона минатиот месец.

Спасувачи го пребараа бродот по евентуални жртви заглавени во пловилото и како што пренесуваат светските медиуми, најмалку две тела биле извлечени и пренесени на копно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот