Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

epa08450846 US President Donald J. Trump makes remarks before signing an executive order on social media that will punish Facebook, Google and Twitter for the way they police content online, in the Oval Office, White House, Washington, DC, USA, 28 May 2020. EPA-EFE/DOUG MILLS/ POOL

Специјалниот известувач на ОН за слободата на изразување, Дејвид Кеј, ја обвини Белата куќа за „силен напад” врз медиумите и предупреди на негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите.

На неговата последна прес-конференција пред крајот на неговиот шестгодишен мандат, што завршува на крајот на овој месец, Кеј изрази надеж дека „нападите” врз новинарите во САД ќе престанат кога американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да биде на функцијата, пренесуваат британските медиуми.

-Овие четири години јасно го означија начинот на кој овој претседател зборува за медиумите, начинот на кој тој ги оцрнува медиумите и слободата на изразување, им рече Кеј на новинарите во Женева.

Според него, нападите на Трамп врз медиумите се рефлектираат во критики кон новинарите и ширење на „дезинформации”, како и во партнерство со конзервативните медиумски организации.

Запрашан за влијанието на оваа ситуација врз слободата на медиумите во светот Кеј кажа дека „очигледно дека има ефект на Трамп, и тоа многу негативен” и додаде дека администрацијата на Трамп „создаде глобална култура во која е дозволен таквиот однос”, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир одговори дека ниту една друга администрација не била толку транспарентна како администрацијата на Доналд Трамп.

-Очекуваме од сите медиуми да бидат фер и точни, рече Дир, додавајќи дека претседателот Трамп нема да се откаже од борбата против оние што лажат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот