Известувачите на ПССЕ го осудуваат насилството во Србија и повикуваат на транспарентност

Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата како дел од постапката за мониторинг, се вели во соопштението на ПССЕ.

 Двата известувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕЕ) за следење на обврските на Србија, Иан Лидл-Грејнгер (Велика Британија) и Пјеро Фасино (Италија) , изрази длабока загриженост за последните протести и минатонеделните насилни судири со полицијата по најавите за нови мерки на ограничување во земјата, јави дописникот на МИА.

 -Секое насилство на ова ниво е неприфатливо во демократија. Ги повикуваме властите да покренат целосна истрага за насилните инциденти што се случија оваа недела во Србија и ги повикуваме сите страни да се воздржат , изјавија  тие во заедничкото соопштение.

Според нив, во овие тешки времиња, кога КОВИД-19 може да предизвика вознемиреност и болка кај населението, надлежните органи се обврзани да обезбедат транспарентни и доверливи податоци за кризата и да изнесат кохерентни здравствени политики што ќе ја совладаат пандемијата со истовремено  зачувување на демократските стандарди, вклучително и слободата на медиумите .

 -Во овој поглед, веруваме дека новоизбраниот парламент треба да ја искористи целата своја надзорна функција, во консултација со сите релевантни засегнати страни – вклучително вонпарламентарни политички партии и независни тела – и да научи од управувањето со кризата и развојот на настаните што следуваа по законодавните избори од 21 јуни и 1 јули, велат известувачите на ПССЕ.

 -Владејачката партија, која денес ужива многу големо мнозинство во парламентот, има посебна одговорност да најде мирни и инклузивни начини за надминување на овие предизвици. Доброто управување, транспарентност, одговорност и целосно почитување на основните права и стандардите на Советот на Европа ќе бидат од суштинско значење. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата како дел од постапката за мониторинг, се вели во соопштението на ПССЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот