Извештајот на ФБИ открива дали Алек Болдвин го повлекол чкрапалото или не на снимањето на кое беше убиена снимателката

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Истрагата на ФБИ утврди дека актерот Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот со кој уби снимателка на снимањето на филмот „’Рѓа“ ​​и покрај постојаното тврдење на актерот дека не го сторил тоа.

Алек Болдвин (64) случајно ја уби Халина Хачинс (42) на снимање во октомври 2021 година и го повреди режисерот Џоел Соуза. Трагедијата се случила на ранч во Санта Фе.

Болдвин упорно тврдеше дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот, кој требало да биде реквизит на снимањето, но во новиот извештај е заклучено дека куршумот не можел да биде испукан без да се повлече чкрапалото, пишува „Дејли мејл“.

Тоа значи дека против актерот би можела да биде покрената кривична пријава за инцидентот, а Одделот на шерифот Санта Фе потврди дека случајот ќе биде проследен до окружниот обвинител.

Полицијата во Санте Фе нема да се откаже од кривичната пријава по извештајот на ФБИ.

Надлежните вчера соопштија дека ги чекаат телефонските записи на актерите, а обвинителот соработувал со полицијата во њујоршката област Сафолк и адвокатите на Болдвин за да ги добијат тие докази. Записите ќе ги разгледаат детективи, а записите на предметот потоа ќе бидат испратени до обвинителот за да утврди дали ќе биде поднесена кривична пријава.

алек болдвин халина хачинс
Халина Хачинс/Фото: Профимедиа

Форензичкиот извештај на ФБИ ги испитуваше сите области на фаталната несреќа како дел од пошироката истрага за да се види дали има докази за кривична пријава.

Окружната обвинителка во Санта Фе Мери Кармак Алтвис изјави за „Венити фер“ дека го гледала интервјуто на Болдвин за „Еј-би-си“ во декември минатата година и нагласи дека верува дека актерот не го повлекол чкрапалото.

„Можете да го повлечете чеканот за ударната игла наназад без да го повлечете чкрапалото и тоа е без, всушност, да го заклучите. Така ќе го повлечете до половина, не се заклучува, а потоа ако го пуштите, ударната игла може да удри во почетниот дел од куршумот“, рекла таа во тоа време.

Фото: Профимедиа

Кармак Алтвис потоа побарала од еден од нејзините истражители да го донесе својот стар револвер во нејзината канцеларија за да провери дали механички дефект може да предизвика пукање од пиштолот. По тестот за пукање, двајца истражители го прегледале пиштолот за да потврдат дека не е наполнет. Тестот покажал дека чеканот можел да предизвика испукање на куршумот, но во тоа време официјалните резултати од истрагата на ФБИ сè уште се чекале. И сега се објавени. Беше извршено тестирање на оружјето, но не беше прецизирано дали тестот е направен на пиштолот од снимањето или на реплика.

Она што го изјавила Мери Кармак Алтвис го тврди и Болдвин кој рекол дека држел „ладен пиштол“, што би значело дека оружјето било наполнето со лажни куршуми (актерот во интервју по трагедијата изјави дека има кутија лажна куршуми на снимање кои штотуку исчезнаа).

Истрагата на ФБИ би можела да доведе до кривична пријава против актерот и другите инволвирани во случајното пукање, а полицијата во Санта Фе сè уште ја истражува смртта на камерманката. Резултатите од истрагата на ФБИ веднаш биле проследени до Канцеларијата на медицинскиот преглед ОМИ во Ново Мексико, која потоа во средата ги препратила до канцеларијата на шерифот.

Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза во емисијата „Тудеј“ претходно оваа година изјави дека не може да се исклучат кривичните пријави.

„Имаше неорганизираност и одреден степен на невнимание на сетот – дали ќе се искачи на криминално ниво ќе зависи од окружниот обвинител“, рече тој.

Алек Болдвин ослободен од вина за смртта на Хачинс: Продукцијата на „Rust“ казнета со над 137.000 долари

Алек Болдвин ослободен од вина за смртта на Хачинс: Продукцијата на „Rust“ казнета со над 137.000 долари

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот