Извештај за нападот на Капитол: Полицијата не беше подготвена

Напад во Капитол Хил / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Полицијата што ја обезбедуваше зградата, дури и пред нападот на Капитол на 6 јануари, имаше повеќе информации за претстојната закана отколку што претходно се тврдеше, но беше наредено да не ги користи своите најсилни тактики, се наведува во извештај цитиран од американските медиуми.

Критичкиот извештај на генералниот инспектор на Капитол, Мајкл Болтон, на 104 страници заклучува дека полициските службеници не подготвиле или не одговориле соодветно на смртоносниот напад врз зградата на американскиот Конгрес, јавија Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен.

Безбедносната полиција во Капитол имала информации за предупредување дека приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп, кои веруваат дека обвинувањата за измама во неговата изборна загуба во ноември, претставуваат закана, пренесоа медиумите повикувајќи се на извештајот.

Три дена пред нападот, обезбедувањето на Капитол добило разузнавачки билтен за проценка на ризиците од насилство од приврзаниците на Доналд Трамп.

„За разлика од претходните демонстрации по изборите, целта на поддржувачите на Трамп за 6 јануари не се контра-демонстрантите, туку самиот Конгрес”, се вели во документот.

„Нивната тенденција да … повикуваат на насилство може да доведе до особено опасна ситуација за спроведувањето на законот и за пошироката јавност воопшто”, се додава во предупредувањето.

Сепак, на полицијата и било наредено да не ги користи најсилните методи за контрола на толпата, како што се шок гранати, се вели во извештајот.

Ден пред нападот, полицијата во Капитол во својот план за контрола на демонстрациите напиша дека „не се познати конкретни закани во врска со вонредниот состанок на двата дома на Конгресот закажан за тој датум, на кој се очекува да биде потврдена победата на Џо Бајден над Доналд Трамп. “. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот