Извештај од Пекинг: САД се најнеуспешни во борбата против Ковид-19

Архива

Три истражувачки организации од Пекинг објавија извештај во кој ја откриваат вистината за САД во борбата против пандемијата Ковид-19.

Во кинескиот извештај наречен „Америка на прво место?! Вистината во борбата на САД против Ковид-19“ се наведува дека САД во потполност заслужуваат да бидат „најнеуспешна земја во борбата против пандемијата во светот, светски број еден во политичкото обвинување, број еден во ширењето на пандемијата, број еден во манипулацијата и број еден во ширењето на дезинформации“ пренесува кинеската национална телевизија КТВ.

До 7-ми август оваа година, САД пријавиле 35 милиони потврдени случаи на Ковид-19, вклучувајќи и 613,658 смртни случаи, што значи дека САД во двата случаи се на првото место, оценуваат во извештајот.

Кинезите тврдат дека американските власти шират лажни информации преку масовните медиуми и социјалните мрежи.

Американските разузнавачи објавија дека имаат тајни информации околу потеклото на вирусот во Вухан, а од Кина на тоа возвратија дека САД повеќе се занимаваат со нив отколку со нивните бројки.

Во извештајот тие велат дека на Америка побитно и било да ја залува берзата, отколку луѓето.

Американски разузнавачи имаат тајни податоци од Кина, ќе го откријат потеклото на короната?

Видео на денот