Извештај на Стејт департментот: Неповолна инвестициска клима во Албанија

Фото: govexec.com

Американскиот Стејт департмент го објави извештајот за инвестициската клима во Албанија за 2020 година во кој се наведени низа проблематични прашања.

– И покрај здравата законска рамка и напредокот во е-реформата, странските инвеститори ја перцепираат Албанија како неповолно место за бизнис. Тие, како тековните проблеми во Албанија, ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите, се наведува во последниот извештај за бизнис климата во Албанија, пренесуваат медумите во Тирана.

Според Стејт департментот, извештаите за корупција во владините договори се чести.

– Зголемената употреба на договори за јавно-приватно партнерство ги намали можностите за конкуренција, вклучително и за странски инвеститори, во инфраструктурата и другите сектори. Лошата анализа на трошоците и придобивките и недостигот на техничка експертиза при изготвувањето и следењето на договорите за ЈПП се постојани проблеми. Американските инвеститори се соочуваат со корупција и продолжување на неформалните деловни практики, се наведува во извештајот.

Се посочува дека некои американски инвеститори се соочиле со судски спорови, па се пожалиле дури и до меѓународна арбитража.

– Во 2019 година и во 2020 година, инвестицискиот напор на една американска компанија се сомнева дека е спречен со некои судски одлуки и сомнителни активности на заинтересираните страни вклучени во спор за инвестиции, е нотирано во документот.

Според извештајот, правата на сопственост и натаму се предизвик во Албанија и дека е тешко да се добие компензација за одземен имот во комунистичкиот период.

– Индексот на перцепција за корупција на „Транспаренси Интернешнл“ во 2019 година ја рангираше Албанија на 106. место од 180 земји, што е пад за седум места споредено со 2018 година. Албанија, исто така, падна за 19 поени во студијата на Светска банка „Дуинг бизнис 2020″ и рангирана на 82. место од 63. во 2019. Иако оваа промена може делумно да се припише на спроведувањето на новата методологија, земјата продолжува да има слаби резултати во областите на издавање градежни дозволи, плаќање даноци, спроведување на договори, регистрација на имот, добивање електрична енергија и заштита на малцинските инвеститори, стои во извештајот.

Како позитивен пример во справувањето со корупцијата во судството се наведува процесот на испитување на потеклото на имот на судиите и обвинителите, познат како ветниг и се посочува дека спроведувањето на реформите во правосудството продолжува и оти „со финализирањето на истите се очекува да се подобри инвестициската клима во земјата”.

Според албанските медиуми Албанија и Северна Македонија се сметаат за најкорумпирани земји во Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот