Извештај на ИПЦЦ: Пет последици од климатските промени

Архива
Меѓународна комисија за климатски промени (ИПЦЦ) ја објави најопширната проценка за климатските промени, на прес конференцијата која утрово во живо ја пренесуваа на социјалните мрежи.
Тие дадоа неколку клучни точки како последици од климатските промени со кои ќе биде погодена Земјата.

1. Температурите до 2040-та година според сите сценарија за емисија, ќе достигнат раст од 1,5 Целзиусови степени над нивото забележано во периодот од 1850-та до 1900-та година.

2. Арктикот најверојатно ќе биде без мраз до 2050-та година според сите проценки на ИПЦЦ.

3. Сè почесто ќе се појавуваат некои екстремни случаи кои се „невидени во минатото“ дури и при загревањето за 1,5 Целзусови степени.

4. Се предвидува екстремните случаи со нивоата на морињата кои се случувале еднаш во сто години, да се случуваат барем еднаш годишно на локациите каде се мерат нивоата на плимата и осеката до 2100-та година.

5. Во многу региони големите пожари ќе продолжат.

ВО ЖИВО | Штотуку објавен извештај: Вклучена црвена тревога за човештвото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот