Извештај на ИЈЗ од 11 до 17 јануари: Намалување на новозаболени и на оздравени пациенти, зголемување на бројот на смтрни случаи

Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување за 8,4 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи на ковид-19 од 34 градови во државата, што е намалување за 3 отсто во споредба со минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.

Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 отсто или просечно 16 отсто, што претставува намалување од три отсто во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=631, 26,3%). Голем број на заболени има и во возрасните групи од 40 до 49 години (n=446; 18,6%), од 30 до 39 години (n=422; 17,6%), од 50 до 59 години (n=403; 16,8%) и од 20 до 29 години (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=31; 1,3%) и од 10 до 19 години (n=112; 4,7%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува раст за 29,7 отсто во споредба со минатата недела.

Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, три лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

Деталниот извештај на ИЈЗ за состојбата со ковид-19 за периодот од 11 до 17 јануари, како и кумулативната состојба со ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот