Извештај на ЕЕА: Воздухот во Европа е значително подобрен, но, сепак, предизвикува многу смртни случаи

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Подобрениот квалитет на воздухот во последната деценија, доведе до значително намалување на предвремените смртни случаи во Европа, но последните официјални податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), сепак, покажуваат дека, речиси, сите Европејци сè уште страдаат од загадување на воздухот, што доведува до околу 400.000 случаи на предвремена смрт низ целиот континент.

Извештајот на ЕЕА „Квалитет на воздухот во Европа – извештај за 2020 година” покажува дека шест земји-членки (Бугарија, Хрватска, Чешка, Италија, Полска и Романија) во 2018 година ја надминале дозволената вредност за ситни честички (ПМ2,5) на Европската Унија (ЕУ).

Само четири европски земји – Естонија, Финска, Исланд и Ирска имаа концентрации на ситни честички под построгите цели на Светската здравствена организација (СЗО). Извештајот на ЕЕА регистрира дека сè уште постои несовпаѓање помеѓу законските ограничувања на ЕУ за квалитетот на воздухот и упатствата на СЗО, прашање што Европската комисија се обидува да го реши преку ревидирање на стандардите на ЕУ во рамките на Акцискиот план за нулта загадување.

Новата анализа на ЕЕА се заснова на најновите официјални податоци за квалитетот на воздухот од повеќе од 4.000 станици за мониторинг низ цела Европа во 2018 година.

ЕЕА проценува дека изложеноста на ситни честички на прашина предизвикала околу 417.000 предвремени смртни случаи во 41 европска земја во 2018 година. Околу 379.000 од овие смртни случаи се случиле во рамки на ЕУ, а 73.000 предвремени смртни случаи биле послдедица на азот диоксид (NO2) и тропосферски озон (O3).

Благодарение на подобрениот квалитет на воздухот, бројот на предвремени смртни случаи, како резултат на загадување со ситни честички, е намален за околу 60.000 луѓе во 2018 година во споредба со 2009 година. Што се однесува до азотниот диоксид, намалувањето е уште поголемо, бидејќи бројот на предвремени смртни случаи е намален за околу 54 проценти во последната деценија. Континуираната имплементација на еколошките и климатските политики низ цела Европа е клучен фактор за подобрувањето, истакнува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот