Извештај на АФП за животот во Валандово и масовното иселување од Балканот

Валандово/ Фото Архива на СП

Со напуштени продавници и празни улици, малку знаци на живот има во македонскиот град Валандово, од кој младите масовно заминуваат во потрага по подобри можности во странство, пишува француската агенција АФП во нејзиниот извештај.

„Како и поголемиот дел од сиромашната Југоисточна Европа, Северна Македонија е погодена од демографска бомба поради стареењето на населението, помалку раѓања и масовната емиграција“ се вели во извештајот.

АФП наведува дека Македонија изгубила десет проценти од населението во последните 20 години. Денеска во странство живеат околу 600.000 Македонци, покажуваат податоците на Владата и Светската банка.

Слабиот економски раст и недостатокот на инвестиции го забавуваат напредокот на земјата, која има само 1,8 милиони жители за 30 години од нејзината независност, пишува агенцијата.

Апостол Симовски ја објасни состојбата за АФП

„Ако имавте 2,4 милиони жители, а повеќе од една четвртина немате, тогаш навистина треба да бидете сериозно загрижени за тоа што се случува“, изјави за француската новинска агенција Апостол Симовски, шеф на Државниот завод за статистика.

Селата и градовите како Валандово, лоцирани на 146 километри од Скопје, нудат малку работни места, па затоа оние со амбиции мора да бараат кариери на друго место.

„Системски се уништува духот на младите“, изјави за АФП Перо Костадинов, 33-годишниот новоизбран градоначалник.

„Изгубен е ентузијазмот за борба и останување во земјата“

Во Валандово повеќе од 90 отсто од приходите доаѓаат од земјоделството, а слична ситуација е и низ Северна Македонија, наведува АФП.

„Пет мои пријатели од клас од 20 луѓе веќе се иселиле со своите семејства“, вели за АФП 24-годишниот Бојан Николов, член на младинскиот совет Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот