Извадено тело на нуркач кој пред 6 години исчезнал во морските длабочини

Хрватските полициски нуркачи вчера, во близина на местото Света Марина кај Рабац, извлекоа мртво тело на неидентификуван маж.

Телото се наоѓало на длабочина од 50 метри и било забележано од еден чешки нуркач пред неколку месеци. Кога се создале услови, затоа што видливоста на таа длабочина е исклучително лоша, полицијата го извадила телото.

На телото се наоѓала опрема за нуркање, а бидејќи не можел да се утврди идентитетот, телото на мажот било транспортирано во Одделот за патологија на Општата болница Пула за обдукција и идентификација.

Се претпоставува дека станува збор за Адам Бениамин Вробел, полски нуркач кој исчезнал во областа уште во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот