Изречени се 110 казни во Скопје за непрописно паркирање

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 110 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 69 возила.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 34 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 27 нерегистрирани возила. Полицијата санкционирала и 13 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Евидентирани се и 48 возачи за неносење сигурносен појас и 38 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Изминатото деноноќие се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени осум лица, како и една сообраќајка со материјална штета.

Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од седмо и осмо одделение во ООУ „Мирче Ацев”.

Ќе се реализира и посебна воспистна мерка – сообраќајна поука на која ќе учествуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот