Изречени 95 казни во Тетово за мотоциклиски кои не носеле шлемови

фото: Слободен печат

СВР Тетово апелира до мотоциклистите и задолжително да поседуваат возачки дозволи, како и навреме да ги регистрираат мотоциклите.

Тетовската полиција апелира мотоциклистите да ги почитуваат законските обврски и да носат заштитна опрема, пред се кациги. За речиси два месеца, како што информира СВР, се изречени 95 мерки.

– Со затоплувањето на времето и на тетовско-гостиварското подрачје се чувствува зголемено присуство на мотоциклисти, особено во доцните попладневни и вечерните часови. Затоа СВР Тетово ги засили контролите и изрече вкупно 95 мерки минатиот и овој месец. Најмногу од мерките се за некористење заштитна опрема, со напомена дека паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

СВР Тетово апелира до мотоциклистите и задолжително да поседуваат возачки дозволи, како и навреме да ги регистрираат мотоциклите.

-На мотоциклистите им се советува, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не се движат еден до друг, туку еден позади друг. Покрај ова, не смее да има превезување на мотоциклите на повеќе лица од законски дозволеното и без потребната опрема, потенцира Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот