Израелското разузнавање неколку недели пред 7 октомври предупредило за нападот на Хамас

Нападот на Хамас во Израел / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Израелскиот јавен радиодифузер Кан вчера објави дека израелското разузнавање неколку недели пред нападот на Хамас на 7 октомври минатата година ги предупредило израелските воени претставници дека палестинската група подготвува напад.

Разузнавачката единица за сигнали на израелската војска подготвила извештај уште во септември, помалку од еден месец пред нападот на Хамас што ја предизвика актуелната војна во Појасот Газа.

Според Кан, разузнавачкиот документ на Единицата 8200 вклучува детали за елитните борци на Хамас кои тренираат за земање заложници и планови за рации на воени позиции и израелски заедници во јужен Израел. Во извештајот се посочува и дека палестинските милитанти имаат за цел да земат стотици заложници.

Во нападот на Хамас загинаа 1.194 луѓе, главно цивили, а 251 човек беа земени како заложници 251 лице, од кои 116 сè уште се во Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот