Израелското отстранување на „непосредната закана“ повторно го разгоре конфликтот со Газа

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел спроведе воздушни напади над две локации каде се наоѓале две раководни лица на милитантната група Исламик Џихад во Газа и Сирија, во еден од ретките напади од ваков тип, што веднаш предизвика реакција и од Газа кон Изреал беа истрелани повеќе ракети, пренесе „Гардијан“.

Баха Абу ал-Ата, 42-годишен палестински командир на Исламик Џихад беше убиен заедно со неговата сопруга во нивниот дом во Газа сити, соопшти групата. Две други лица се повредени во овој напад.

Преку официјална изјава, израелската армија го обвини Абу ал-Ата за координирање на повторени стрелања на ракети кон Израел, како и стрелање од снајпер кон нивната територија во последните две години. Тој исто така најавувал дека се подготвува и за понатамошни напади, а Израелците го нарекоа „темпирана бомба“.

– Абу ал-Ата промовираше подготовки за изврши терористички напади на различни начини кон израелски цивили и Израелските одбранбени сили во следните неколку дена. Неговата смрт е директно отстранување на „непосредната закана“ – рекоа властите во Израел.

Канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху рече дека премиерот го поддржал нападот, кој доаѓа неколку дена откако Нафтали Бенет кој е краен десничар беше именуван за Министер за одбрана на Израел. Тој претходно повика на поагресивно делување во Газа.

На повеќе од 300 километри оддалеченост во Дамаск, сирискиот државен медиум информираше дека Израел истрелале три ракети во домот на политичкиот лидер на Исламик Џихад, Акрам Ал-Аџури.

Тој преживеал, но неговиот син и внука се убиени, изјавија државните медиуми. Фотографии од населбата Мазе покажаа дека се оштетени две згради.

За разлика од нападот во Газа, за кој Израел презема целосна одговорност, тие не потврдија дека го спровеле ова воено дејствие. Во изминатите години, Израел спроведе стотици воздушни напади во Сирија, но вообичаено не презема одговорност, велат од „Гардијан“.

Ненадејното зголемување на насилство во регионот по сѐ изгледа дека го разбуди отворениот конфликт на Израел со Иран и земјите кои ги поддржува во регионот.

Од другата страна, сирените дека има ракетен напад врз Израел се огласија неколку пати во близнина на границата со Газа, но и северно сѐ до Тел Авив. Училиштата беа затворени ширум јужен и централен Израел, а цивилите добија насоки да останат близу засолништата за бомби и да не одат на работа. Сѐ уште нема информации дали има жртви.

Неколку палестински милитантни групи делуваат од појасот Газа. Хамас, која е на власт во енклавата, водеше три војни со Израел, но во изминатите месеци се согласи на примирје.

Од Хамас рекоа дека Израел „ја има целата одговорност за последиците на оваа ескалација на состојбите“ и вети дека смртта на ал-Ата „нема да пројде неказнето“.

Исламик Џихад, втората намоќна група во Газа, е поддржана од еден од најголемите непријатели на Израелците, Иран. И додека групата е сојузник на Хамас, тие не го почитуваат примирјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот