Израелско-либански разговори следниот месец

Ал Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFAD

Израел ќе одржи разговори со Либан следниот месец во обид да го реши долготрајниот спор околу поморската граница, изјави израелски официјален претставник.

Официјалниот претставник рече дека министерот за енергетика Јувал Штајниц ќе ја предводи израелската делегација во разговорите со посредство на САД. Претставници од трите земји најверојатно ќе зборуваат преку видео конференција заради пандемијата на коронавирусот, рече официјалното лице.

Од Либан засега нема коментар.

Израел и Либан немаат дипломатски односи и технички се во воена состојба. Секој од нив тврди за околу 860 квадратни километри (330 квадратни милји) од Средоземното Море дека е нивна ексклузивна економска зона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот