Израелските војници застрелаа Палестинец кој фрлал бомби врз автомобили

Припадници на израелската полиција со заштитна опрема патролираат низ Еуросалим / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелските војници денеска застрелаа и убија Палестинец кој фрлаше бомби врз автомобили во близина на еврејската населба во окупираниот Западен брег, соопшти војската, пренесува Ројтерс

Канцеларијата за врски на Палестина потврди дека човекот е убиен и дека друг Палестинец бил уапсен од војниците. Не даде повеќе детали.

Војската на Твитер напиша дека двајцата осомничени фрлиле оган-бомба на патот што води до блокот на израелски населби во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите.

Војниците во близина дејствуваа „со цел да ја спречат заканата“, рече војската и отворија оган кон двајцата мажи. Еден од двајцата е ранет и доби медицинска помош на местото на настанот, но им подлегна на раните, соопшти војската. Другиот маж е уапсен.

Израел го освои Западниот Брег во Блискоисточната војна во 1967 година, заедно со појасот Газа и источен Ерусалим. Палестинците сакаат тие територии за независна држава. Мировните преговори меѓу страните со посредство на САД пропаднаа во 2014 година.

Видео на денот