Израелските сили повторно пукаа врз цели во Газа

/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

 Израел потврди дека денеска, како одговор на запалливи балони лансирани од Газа, биле извршени напади врз воени цели и места за лансирање на Хамас.

Израелската војска ги потврди воздушните напади врз Газа и во објавата на Твитер наведе дека се подготвува за различни сценарија, вклучително и можност за ескалација на непријателствата со Хамас.  Медиумите во Газа објавија дека израелски авиони бомбардирале повеќе цивилни цели, но нема потврда за можни жртви.

Во средата, израелската армија изврши воздушни напади врз цели на Хамас во појасот Газа, кршејќи го примирјето постигнато кон крајот на мај за првпат, како одговор на запалливи балони   од палестинската територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот