Израелските напади ја дестабилизираат Сирија, вели Захарова

Фото: МИА

Израелските напади на сириска територија спаѓаат во дестабилизирачки фактори, оцени Захарова.

Израелските воздушни напади во Сирија ја дестабилизираат ситуацијата во земјата, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Израелските напади на сириска територија спаѓаат во дестабилизирачки фактори, оцени Захарова.

Според неа, таквите еднострани акции не само што го подриваат суверенитетот на Сирија, туку и загрозуваат животи и безбедноста на цивилите.

– Тоа се случи на 6 февруари, кога патнички авион со 172 луѓе речиси дојде на линијата на огнот поради акција на израелските воздухопловни сили – вели Захарова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот