Израелскиот премиер Лапид ги повика светските лидери да го блокираат мислењето на Меѓународниот суд на правдата

Јаир Лапид/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска со писмо ги повика светските лидери да го блокираат обидот на Палестинците во Обединетите нации (ОН) да добијат советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата (МСП) за израелската окупација, јави неговиот кабинет.

Во писмото упатено до повеќе од 50 шефови на држави Лапид од нив бара да извршат притисок врз Палестинската управа, која има ограничена моќ на окупираниот Западен Брег, за да ја спречи да ја промовира резолуцијата во Генералниот Собрание.

Во резолуцијата, која беше одобрена од комитетот на ОН на почетокот на месецот, од МСП се бара „под итно” да го разгледа прашањето за израелската „долгорочна окупација, изградба на населби и анексија на палестинска територија”, што како наведено, го нарушува правото на Палестинците на самоопределување.

Оваа резолуција е резултат на заеднички напори да се прозива Израел, да се дискредитираат легитимните безбедносни грижи на Израел и да се делегитимира самото постоење на Израел, напиша Лапид во писмото до светските државници.

Израел го презеде правото врз Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим во шестдневната војна во јуни 1967 година што ја водеше против Египет, Иран, Сирија и Ирак.

Израелскиот премиер во заминување посочува дека статусот на спорната територија мора да биде предмет на директни преговори меѓу Израел и Палестинците и дека „вклучувањето на МСП во целата оваа работа само ќе им користи на екстремистите”.

Преговорите меѓу двете страни со посредство на САД се замрзнати од 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот