Израелскиот министер Кац се надева дека Корбин нема да победи на изборите во Британија

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изрази надеж дека лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин нема да победи на претстојните избори на 12 декември.

– Лично се надевам дека нема да биде избран, истакна Кац, кој како причина за таквиот став го наведе „бранот антисемитизам кој Корбин не го одрекува”.

Корбин настојуваше да ги ублажи острите критики за антисемитизам со кои се соочија тој и неговата партија пред изборите. Иако изразуваше несогласување со сите облици на расизам, вклучувајќи го и антисемитизмот, Корбин повеќе пати одби да се извини за каков било антисемитизам во својата партија во последните неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот