Израелскиот Кнесет донесе закон со кој се овозможува откривање на имиња на лица кои не се вакцинирани

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелскиот Парламент денеска му одобри на Министерството за здравство да открива имиња на луѓе кои не биле вакцинирани против ковид-19, предизвикувајќи критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Законот, кој беше донесен со 30 гласа „за” и 13 „против”, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви.

Одредбата, која ќе биде во сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел да им дозволи на властите да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат обраќајќи им се лично, соопшти Парламентот.

Повеќе од три милиони луѓе во Израел веќе примиле две дози на вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек“, што е речиси една третина од околу девет милиони жители во земјата.

Израелската Влада истакна дека нејзина цел е да се вакцинираат 6,2 милиони луѓе до април. Од почетокот на пандемијата, во Израел се регистрирани повеќе од 760.000 случаи на ковид-19, а повеќе од 5.600 луѓе починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот