-6 C
Скопје

Израелски ракетен дрон усмрти едно лице во Сирија

Според ДПА, засега нема никаков коментар од израелска страна за нападот со беспилотното летало.

Еден израелски дрон денеска истрелал ракета врз возило во област што е под непосредна контрола на владините сили во јужна Сирија, убивајќи едно лице, пренесоа државните медиуми, јави ДПА.

Сириската државна агенција Сана јави дела во нападот е убиен цивил „кога изрелски непријателски дрон истрела ракета во селото Кинеитра, на периферијата на градот Хадар“.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека нападот бил изведен во јужните предградија на Хадар и дека целта бил припадник на групата „Сириски отпор за слободен Голан“, за која се верува дека е составена од милитанти блиски до владата.

Според ДПА, засега нема никаков коментар од израелска страна за нападот со беспилотното летало.

Прочитајте и...  „Еко-свест": Веднаш да започне праведната транзиција на регионите со јаглен

Нападот доаѓа по воздушните напади од понеделникот на израелските авиони врз позиции на „Исламски џихад” кај Дамаск, во кои загинаа шест лица.

Поврзани вести

Ерменија соопшти за 3.400 смртни случаи во војната во Нагорно Карабах

Слободен печат

Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на ковид-19

И.И.

Куба со план годинава да произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирусот

И.И.

Изложба во Струга: Пола век творештво и промоција на публикација на Мице Јанкуловски-МИЦКО

Слободен печат

Подготовки, најави и набавки: Европската Комисија ќе предложи механизми за споделување на анти-ковид вакцините

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Тројца американски војници загинаа при уривање на хеликоптер во Њујорк

И.И.

Остави Коментар