Израелската војска ќе остане на Голанската висорамнина цела зима

Сирија Израелски тенкови притнскрин ИКС

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац им нареди на израелските војници да се подготват да останат на сириската страна на планината Хермон, стратешка локација која гледа на сириската престолнина Дамаск, во текот на зимата, соопшти утринава канцеларијата на Кац.

Во соопштението се вели дека има „огромно безбедносно значење“ за Израел да ги остави своите војници на планината Хермон поради моменталната ситуација во Сирија, објави Ројтерс.

Израелските сили ја зазедоа сириската страна на планината Хермон на Голанската висорамнина во неделата, објави саудискиот весник Ал-Хадат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во неделата објавија дека распоредуваат сили во тампон зоната меѓу Израел и Сирија, без да прецизираат конкретни распоредувања, објави Тајмс оф Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, изјави дека израелските војници ја окупирале тампон зоната на Голанската висорамнина која беше формирана во 1974 година откако сириските војници ги напуштија своите позиции поради напредувањето на бунтовниците во Сирија, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот