Израелската полиција пукала во Палестинец кој претходно забодел две лица

Западен брег во Газа, Израел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Израелската полиција рани Палестинец кој бил застрелан откако нанел неколку убоди на две лица во козметичка продавница во Ерусалим, во близина на автобуската станица, соопштија израелските власти.

Повредите што ги добиле двете лица не биле сериозни, објавија од израелската медицинска служба Мејген Дејвид Адом.  

Напаѓачот бил застрелан од полицајка, објави Ројтерс, повикувајќи се на наводите на сведоци и полицајци. 

Тој бил пренесен во болница со сериозни повреди, изјави израелската служба за итни случаи, Зака. Инцидентот се случил неколку часа откако Палестинец се обидел со шрафцигер да прободе израелски војник на Западниот брег, соопшти војската, додавајќи дека и тој бил застрелан и пренесен во болница. 

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците повторно се зголемија откако шестмина палестински затвореници неодамна избегаа од строго чуваниот затвор Гилбоа во северен Израел, а четири од нив подоцна беа заробени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот