Израелската авијација го возвраќа ударот- нападнати две воени упоришта на Хамас

Израелската војска синоќа соопшти дека Хамас испукал две ракети земја-земја кон јужен Израел од Појасот Газа, нарушувајќи го повеќемесечното примирје.

Израелската авијација одговори со напад на две воени упоришта на Хамас.

Засега нема информации за последиците од овие два напади, ниту една палестинска вооружена група не ја презеде одговорноста за ракетирањето на јужен Израел, а израелската војска соопшти дека воздушните напади биле изведени за „нарушување” на вооружената способност на Хамас во иднина да дејствува кон цели на Израел.

Пред два дена, военото крило на Хамас предупреди дека ќе се одмазди ако Израел продолжи да го спроведува планот за анексија на делови од палестинските територии. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот