17.8 C
Скопје

Израелската армија уништила 15 километри тунели на Хамас во Газа

Нападот беше дел од пошироката операција на ИДФ (израелски одбранбени сили) за да се предизвика голема штета на подземниот систем на терористички организации во појасот Газа, соопшти војската, која тунелите ги нарече „подземна железница”.

Во силни воздушни напади врз Појасот Газа, израелската армија уништила 15 километри подземни тунели на Хамас.

– Нападот беше дел од пошироката операција на ИДФ (израелски одбранбени сили) за да се предизвика голема штета на подземниот систем на терористички организации во појасот Газа, соопшти војската, која тунелите ги нарече „подземна железница”.

Војската исто така соопшти дека синоќа биле нападнати домови на девет команданти на Хамас.

Засега нема извештаи за жртви во последните напади.

Една трикатна зграда во градот Газа е сериозно оштетена, но жителите изјавија дека армијата ги предупредила да заминат десет минути пред нападот. Тие рекоа дека околното земјоделско земјиште било погодено во неколку воздушни напади.

Градоначалникот на Газа, Јахја Сараџ, за телевизијата „Ал Џезира” изјави дека воздушните напади предизвикале голема штета на патиштата и друга инфраструктура.

ОН предупредија дека единствената електрична централа во Газа ќе остане без гориво, а прекините на електрична енергија веќе траат до 12 часа на ден. Водата од чешма не може да се пие.

Во текот на ноќта, во неколку наврати биле истрелани ракети кон израелските градови, најмалку девет кон Бершева, антиракетниот систем „Железна купола” пресретна неколку проектили, додека другите паднаа во ненасилна област.

Нападнат е и градот Ашкелон. Засега нема извештаи за повредени.

Израелската армија соопшти дека од 19 часот синоќа до денеска во 7 часот наутро биле истрелани околу 60 ракети кон Израел и оти многу биле пресретнати.

Судирите продолжија и покрај тоа што американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика да се стави крај на нападите, што се коментира како промена на американскиот тон, а израелските медиуми јавуваат дека администрацијата на Џо Бајден ги интензивира дипломатските напори во регионот и разговара со повеќе регионални лидери. 

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар