Израелската армија уби 16-годишен Палестинец и рани уште две момчиња во Западен Брег

Западен брег во Газа, Израел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Израелската армија соопшти дека нејзини припадници пукале врз група Палестинци, за кои верувале дека подготвуваат напад врз израелски возила во окупираната територија на Западен Брег.

Според палестинските власти во инцидентот убиен е еден 16-годишен Палестинец, а повредени се две момчиња.

Портпаролката на израелската армија изјави дека војниците отвориле оган откако забележале дека Палестинците носеле запаливи средства и се подготвувале да запалат автомобилски гуми во момент кога поминувале израелски возила.

Милитантната исламистичка организација Хамас преку соопштение изрази жалење за смртта на Палестинецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот