Израелската армија тврди дека пресретнала дрон од Либан

Дрон / Фото Архива

Израелската армија денеска соопшти дека пресретнала уште еден дрон од Либан, што преминал во нејзиниот воздушен простор.

„Дронот најверојатно припаѓа на терористичката организација Хезболах“, соопшти армијата, според која, дронот најверојатно го поседувала шиитската милиција тесно поврзана со главниот непријател на Израел, Иран.

Израелските сили соборија три беспилотни летала од Либан над Средоземното Море на почетокот на јули. Беспилотните летала на Хезболах наводно биле насочени кон израелските гасни платформи.

Соседните земји официјално се уште се во војна. Тензиите меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах често се големи долж границата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот