Израелската армија разменила оган во близина на границата со Египет

Израел Појасот Газа палестинци
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелската војска соопшти дека денес разменила оган во близина на јужната граница со Египет, набргу откако пријавила две жртви во безбедносниот инцидент во областа, пренесува Ројтерс.

Засега не е јасно дали инцидентите се поврзани и со кого војската била во конфликт.

По претходниот настан, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека „се случи безбедносен инцидент во областа на регионалната бригада Паран, во кој две лица беа повредени“.

Израелското армиско радио објави дека најмалку еден вооружен маж отворил оган кон израелските сили во близина на областа околу границата со Египет каде што двајца Израелци беа застрелани додека безбедносните сили оперираа за да спречат шверц.

Египет е првата арапска земја што потпишала мировен договор со Израел во 1979 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот