Израелска армија: Соочени сме со највисока стапка на ракетни напади

EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Израел се соочи со највисок број на ракетни напади на своја територија за време на последното конфронтирање со палестинската исламистичка група Хамас, која ја контролира Газа, соопшти денеска армијата.

– Од понеделникот вооружените групи во Газа истрелаа околу 3 000 ракети кон Израел, надминувајќи го темпото за време на ескалацијата во 2019 година и за време на војната во 2006 година со либански Хезболах, изјави израелскиот генерал-мајор, Ори Гордин.

За време на ескалацијата во ноември 2019 година помеѓу армијата и групата Исламски џихад, во текот на три дена беа истрелани 570 ракети од Газа кон Израел.

И во војната во 2006 година со Хезболах, поддржан од Иран, вкупно 4 500 ракети беа истрелани кон Израел во текот на 19 дена, според податоците на Гордин.

На прашањето дали темпото од понеделникот е највисока стапка на ракетни напади на израелска територија, Гордин рече: „Не само што се согласувам, туку ова е и она што го презентирам”.

Ескалацијата што трае веќе една недела е предизвикана од немири во источниот дел на Ерусалим, присоединет од Израел, и според бројот на жртвите во густо населениот појас Газа се искачи на 181, и на 10 лица во Израел, според властите од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот